Богоев: Има ли подобра цел за обединување од членство во ЕУ до 2030 година?

by fokus

Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во интервју за „Фронтлајн“ истакна дека нема подобро нешто за обединување, отколку суштински важната цел за државата за полноправно членство во ЕУ.

-Триесет години зборуваме за обединување, но не сме го виделе тоа освен при успесите на полето на спортот или музиката. Има ли подобро нешто за обединување од темата и од целта – 2030 Македонија полноправна членка на ЕУ?, нагласи Богоев.

Тој додаде дека според искуствата на Романија, Бугарија, Словенија во првите пет години од нивното членство во ЕУ има ескпоненцијален раст на странски директни инвестиции, преполовување на невработеноста во нивните држави.

-Зошто тоа да не случи и во Македонија? Сега имаме шанса, коцките геостратешки ни се поклопени, на Унијата и треба зацврстување и проширување, истакна Богоев.

Поврзани новости