626
Откако минатата седмица беа отстранети, денеска започна со засадување на нови јапонски цреши на улицата „Максим Горки“ во центарот на Скопје.
Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ не го криеше задоволството што улицата повторно ќе ја има старата слика.
„Ова е само еден пример како се грижиме за зеленилото во Скопје. Се надевам дека овој тренд ќе продолжи и ќе засадиме се повеќе зелени површини во иднина“, истакна Богдановиќ.