Богдановиќ: Не прекршив никакви законски протоколи со моето присуство во хотелот

by fokus

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 негираше дека ги прекршил протоколите со неговото присуство во ресторантскиот дел на еден хотел.

-Сите информации и докази дека мојот престој во хотелот е во согласност со протоколите ги доставив до сите надлежни институции и тие треба да одлучат. Ние како ракводители имаме дозволи за движење во полициски час, престојот беше во хотел во кој бев најавен. Обврските кои ги имаме како градоначалници некогаш не задржуваат подолго време, не се прекршени никакви законски протоколи. Тоа беше начин да ја оствариме средбата. Некои работи мора да се одвиваат, прво прашавме и ни кажаа дека се е законски, рече Богдановиќ.

Поврзани новости