Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, вели дека 50 години е стара идејата да се изградата висококатници на паркингот спроти хотелот Холидеј ин. Идејата, како што вели тој, потекнува од времето на јапонскиот архитект Кензо Танге. Сепак, уверува Богдановиќ, нема да дозволи градба по вкус на инвеститорот.
-Нашата задача е посебно со тој план да има намалување на висината и правење зелена површина. Сакам само јавно да кажам, да се знае дека истиот план бил во 2012, а во 2002 се планирани стокатнци. И во време на Кензо Танге, кога правел планот, испланирал таму да има некој вид на блокови – изјави Богдановиќ за Телма.
На сите три парцели во „Ново Маало 2“ според постојниот детален урбанистички план од 2012-та, може да се градат 60- катници без ниту еден квадрат зеленило.
По овој повод денеска реагираа и од иницијативата „Во одбрана на Дебар Маало“.
„Одлуката на владата да го продаде земјиштето со цел да се изградат 60 – катници е противуставна исто како и изградбата на трговскиот и станбен простор од страна на „Лимак“ на Јужен булевар. Во моментов на граѓаните на Центар прегазено им е уставното право да живеат во здрава животна средини (Скопје е најзагаден европски град) и одлуките кои не одат во прилог на воспоставување на нормални услови за живот се противзаконски. За ваквите одлуки владините функционери и локални власти во иднина ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, сметаат активистите на здружението Во одбрана на Дебар Маало.