СДСМ: Лицемерниот подмладок на ВМРО-ДПМНЕ ја згреши адресата, треба да се обрати во Белиот дворец

by fokus

Лицемерниот подмладок на Мицкоски ја промашил адресата, прескапиот бел дворец е вистинската адреса за црното време и црната сиромашија што граѓаните ги поразија, велат од владејачката СДСМ откако членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ оставија стари панталони со празни и искинати џебови пред Министерството за финансии.

Според СДСМ, прескапиот бел дворец на ВМРО-ДПМНЕ е симбол на криминалот и корупцијата и е вистинската адреса за црното време, црната сиромашија и црнилата врз младите.

„Подмладокот на Мицкоски треба да тропне на вратата на Мицкоски, во неговиот удобен кабинет во белиот дворец и да го праша за 11 години црнила на режимот на Никола Груевски, особено за времето кога тој му беше советник. Да го прашаат Христијан Мицкоски за што го советувал Никола Груевски, за погубните политики што резултираа со масовно отселување на младите. Заради погубните и криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ, младите со години масовно се иселуваа, образованието беше урнисано, а младинската невработеност постојано растеше. Тоа црно време заврши со заминувањето од власт на ВМРО-ДПМНЕ. Денес, Владата предводена од СДСМ и сите надлежни институции градат партнерски, рамноправен однос со младите. Пилот проектот Гаранција за млади само во три општини за неколку месеци обезбеди над 500-тини вработувања на млади лица, а наскоро, мерката ќе продолжи да се применува и на територија на цела Македонија. Обезбедени се повеќе пари за мерката „Млад земјоделец“, се инвестира во подобрување на ученичкиот и студентскиот стандард, а во соработка со младите, се градат квалитетни младински политики што имаат за цел да го подобрат животот на младите, за тие да останат во Македонија и овде да градат кариери и семејства. За жал ВМРО-ДПМНЕ не се променила, нема промени ниту во однесувањето на подмладокот, тоа истата матрица на Никола Груевски“, соопштија од СДСМ.

Поврзани новости