441
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Костадин Богданов во гостувањето на телевизија Телма рече дека СДСМ требало да биде свесна за непрочистениот Избирачки список, како и за високиот законски цензус.
-Се виде на избирачките места, дека освен во Австралија, немаше притисоци, но поголемиот дел, за жал, одучија да бојкотираат. Вината на референдумот е кај Владата. Точно е дека е висок цензусот, точно е дека не е прочистен списокот, но сето тоа беше во нивни раце и пред референудмот и требаше да бидат свесни. Подобра ќе беше опцијата да се одеше на две прашања, едно за Договорот, едно за ЕУ и НАТО. Така ќе беше исполнет цензусот и веројатно првото прашање ќе имаше повеќе ЗА. И кампањата беше промашена, не ги допре членовите на ВМРО-ДПМНЕ, рече Богданов.