Богатинова за НОВА: Прашајте го Заев кој му нареди да гостува на Канал 5

by Фокус

Во изјава за НОВА ТВ, уредничката на Канал 5, Лидија Богатинова, не го негираше тврдењето дека на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, му било наредено да гостува во вестите на оваа телевизија. Сепак, Богатинова не сакаше да каже кој му наредил на Заев, туку за тоа одговорот требало да го бараат кај претседателот на СДСМ.

– За тоа кој му наредил ќе го прашате него. Тој нека ви одговори, тој се одзва да гостува после многу повици, изјави за НОВА главната уредничка на Канал 5.

Лидија Богатинова ги отфрли и критиките за начинот на кој во водеше интервјуто и рече дека интервјуто го спровела професионално, надополнувајќи дека нејзе апсолутно никој и нема дадено наредба да го спроведе интервјуто.

Поврзани новости