„Досега сме завршиле со рехабилитација 180 локални патишта на барање на општините без разлика на која политичка партија припаѓаат градоначалниците во овој период. Тоа се отприлика 60 општини во кои досега сме влегле и сме ги работеле. Апсолутно се соработува со цел граѓаните видат бенефит од таа работа. Во едно минато време беше забрането централната власт шајка да закова таму каде што има градоначалник од опозиција. Денеска даваме поддршка, помагаме. Јас знам дека тоа е за граѓаните и така треба да продолжиме“, изјави Министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски во интервју на Слободен печат.
Тој додаде дека без разлика кој ќе сака да си припише ингеренции за сработеното, сепак фокусот треба да биде секој еден граѓанин.
„Јас вчера бев во Велес, таму излегоа некои граѓани и ми кажаа дека 50 години, тој локален пат и сите краци коишто ги правиме никој не ги погледнал ниту пак ги рехабилитирал. Беше стара бетонска подлога, изронета, каде што граѓаните тешко функционираат“, посочи Бочварски.