Штип се подготвува за 33-то издание на фестивалот на забавна музика ,,Макфест 2018”.
По тој повод вчера во Скопје се одржа првата прес конференција пред почетокот на ,,Макфест 2018”, по што беше извршено и извлекувањето на официјалниот распоред за настап за првата и втората полуфинална вечер.
Во својство на домаќин, пред присутните се обрати градоначалникот на Штип, Благој Бочварски кој вети солидно издание на најпознатиот македонски музички фестивал и многу хитови.
33 -то издание на ,,Макфест 2018” ќе го отвори дебитантката Сара Гигова со песната ,,Љубовна бура”.
На фестивалот во две полуфинални вечери ќе настапат 32 изведувачи, по 16 на вечер.
На финалето шоу програма ќе има Дарио Панковски.
Фестивалот ќе се оддржи на 4-ти, 5-ти и 6-ти октомври во НУЦК ,,Ацо Шопов” во Штип.
Најавено е учество на повеќе музички имиња, помеѓу кои Ѓоко Танески, Игор Узунов, Џокси, Роберт Билбилов, Дани, Александар Тарабунов и други.
Вики Клинчарова