Бочварски: Професионализацијата на администрацијата од октомври ќе продолжи и на локално ниво

by fokus

Владата започна процес на темелни реформи во државната администрација, што ќе обезбедат професионални и ефикасни институции. По локалните избори во октомври, таквиот процес на професионализација на администрацијата ќе продолжи и на локално ниво, изјави денеска Благој Бочварски, потпретседател на СДСМ.

„Граѓаните и Република Македонија заслужуваат и ќе добијат државна администрација што ќе биде сервис на граѓаните и ќе ги следи нивните реални потреби. Никогаш повеќе нема да дозволиме некоја државна институција да функционира како нечиј партиски штаб како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ.

За само неколку месеци, од октомври 2016, до 31 мај оваа година, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ангажирала над 7.700 лица во државната администрација, а од први јуни до денес, во општините кои во најголем дел се под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, вработени се повеќе од 300 лица. Ова е само еден од низата докази за степенот на партизираност што зад себе го остави ВМРО-ДПМНЕ и доказ дека е потребно итно ослободување на институциите од партиските стеги“, додаде тој.

 

 

Поврзани новости