Заев: Функционерите под истрага се сомничат за дела од август минатата година

by fokus 16:40
16:40

Владините функционери кои се под истрага се осомничени за дела од август минатата година, изјави денеска премиерот, Зоран Заев, но без да прецизира за што се осомничени и за кои функционери станува збор.

Во рамки на работната посета во Будва Заев одговораше на новинарски прашања и по однос на прашањето за злоупотреби кај двајца функционери од власта и за кои дела, премиерот Заев рече дека справувањето со корупцијата е важно прашање и за самите држави во регионот и за нивните ЕУ интеграции.

- Advertisements -

-Новата Влада ги обелоденува работите, се охрабруваат граѓаните да пријавуваат, нашиот став е секоја индикација за истрага да ја процесуираме, можам само да кажам дека се работи за период август претходната година, за другото ќе кажат истражните органи – одговори премиерот.

На прес конференцијата тој оцени дека како ќе се придвижуваат работите во регионалната соработка и перспективите во интеграциите, зависи од државите во регионот.

-Со конкретни, практични дела да покажеме дека сме подготвени за пристапување кон ЕУ и НАТО – рече премиерот Заев.

Во врска со тоа колку е реално очекувањето за отворање на најавената авиолинија Скопје – Подгорица – Сараево, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, рече дека верува дека брзо ќе биде обезбедена авиолинија.

-Се работи за проценки на база на пазарни механизми, затоа ги повикавме сите заинтересирани компании, ако треба како држави нешто ќе субвенционираме. Да направиме сите што можеме да ги унапредиме соработките меѓу нашите држави – додаде тој.

 

Поврзани новости