399
Општина Штип ги разрешила членовите на УО на ЈП Исар, затоа што сами, без одлука на Советот си ги покачиле паушалите, одговори на Фејбук градоначалникот на Штип, Благој Бочварски на прашања од ВМРО-ДПМНЕ.
-Еве ќе ви кажам. Затоа што сами си ги покачиле паушалите од 5 илјади на 9 илјади денари без одлука на Совет. Затоа се нервозни. Заврши времето на самоволието на ДПМНЕ, напиша Бочварски.