Бобан Илиќ осуден на шест години затвор, таткото на Алмир на шест месеци

by Fokus

Судијката Маја Денковска денеска ги прогласи за виновни Бобан Илиќ, кој го прегази четиригодишниот Алмир Алиу и таткото на детето, кој доби шестмесечна затворска казна.

„Судот ги имаше предвид сите докази и закон рамки за или соодветна казна соогласно дејствијата кои ги презеле и настанатата ситуација. За останатите тројца, судот ја имаше предвид последицата, затоа е одредена минималната казна. Девет месеци затвор за другите двајца. На Илиќ му се засметува времето поминато во притвор – рече судијката Денковска.

Обвинетите во случајот не беа присутни на судското рочиште, но нивното присуство  не е задолжително.

Обвинетиот Бобан Илиќ, се товари за „тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, во врска со смртта на четиригодишниот Алмир Алиу, додека таткото на Алмир и уште двајца други за насилство.

М.В.

Поврзани новости