Кривична за двајца полицајци, СПМ реагира дека МВР прави упад во синдикалното дејствување

by fokus

Велешката полција поднесе кривична пријава против двајца вработени во СВР Велес и СВР Битола, додека Синдикатот на полицијата на Македонија реагира дека ова е упад во синдикалното дејствување поради нивните критики за лошото работење на Министерството за внатрешни работи.

Како што соопштија денеска од МВР, О.К. делото го сторил на тој начин што со намера да се стекне со имотна корист, во време додека е уште член на Независниот синдикат на полиција на Македонија, довел во заблуда вработени во МВР дека се потпишуваат на пристапници за НСП, а не на во тоа време неформираниот Синдикат на полиција на Македонија, како и кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправа“, казниво по член 379 став 1 т.2, кое го сторил на тој начин што ги навел полициските службени лица да го стават својот потпис врз исправа со лажна содржина, која тој самиот ја составил, при што таквите исправи ги употребил за регистрирање на Синдикат на полиција на Македонија.

– За второпријавениот Н.К., пак, поради „помагање“, по член 24 во извршување на кривичното дело „измама“, по член 247 од КЗ на РСМ и кривичното дело „посебни случаи на фалсификување исправа“ по член 379 став 1 т.2 од КЗ, поради тоа што иако знаел или морал да знае дека изработката на документација без да бидат извршени дејствата е забранета, му помогнал во изработката на фалсификатите на О.К. и спроведување на измамата. Бидејќи пријавенети лица се вработени во МВР, за целиот случај е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за натамошно постапување, се појаснува во соопштението од МВР.

СПМ реагиара дека ова е напад за по секоја цена се сопрат синдикалните активности и запознавање на јавноста за лошото работење и менаџирање на министерството за внатрешни работи.

-Од страна на високи структури во СВР Велес и Одделот за внатрешната контрола по секоја цена спротивно на закон, спротивно на сите процедури презедоа мерки, незаконски дејствија на секаков начин неосновано да ја оцрнат работата на СПМ со поднесување на неоснована и измислена кривична пријава. Притоа при испрашувањето на основачите на СПМ како да се најголеми криминалци им беа вршени разни форми на притисок и доведувани во заблуда со цел да се прикажат непостоечки „назаконити“ дејстија“ а дел од наши членови се сомневаме дека имаат дадено најверојатно можеби и лажни изјави за наводно пополнети пристапници. Најостро ги демантираме наводите и сето ова го сметаме како обид да се запре синдикално движење во Македонија, велат од СПМ.

Поврзани новости