616
Претседателот на Русија, Владимир Путин успеа да ја погоди Европа во најболната точка – енергетиката, пишува „Блумберг“.
Како што анализира медиумот, растот на цената на горивата доведе до висока инфлација и економски пад во западните земји.
„Без разлика на тоа што ЕУ воведе најстроги ограничувања за Русија, бројот на компромиси расте, почнувајќи од отстапки за снабдување со нафта преку цевководи и завршувајќи со исклучување на патријархот Кирил од листата на санкции“, се вели во публикацијата.