Блумберг: Доларот повеќе не е водечка светска валута

by Fokus 09:14
09:14

Американскиот долар повеќе не е водечка светска валута, откако еврото го престигна како валута за плаќање на меѓународниот пазар, за првпат од февруари 2013 година.

Дури 37,82 отсто од меѓународните парични трансакции се извршени во европската валута, објави Блумберг, повикувајќи се на светското Здружение на меѓубанкарски финансиски телекомуникации (СВИФТ). Тоа здружение опфаќа 200 држави и 11.000 финансиски институции.

- Advertisements -

По еврото следат американскиот долар, британската фунта, јапонскиот јен и канадскиот долар, кој го истиснал кинескиот јуан од петтата позиција.

Користењето на доларот од декември минатата година до октомври годинава се намалило за 4,6 отсто, па сега тој зафаќа 37,64 отсто удел.

Во истото време еврото пораснало за шест отсто.

Американскиот долар остана на првото место кога станува збор за пласирањето кредити и заеми. Експертите како причини за падот на доларот на листата на најважните валути ги гледаат економската криза поради пандемијата на коронавирусот, американските претседателски избори и трговската војна со Кина.

Од својот врв во март, доларот во меѓувреме ослабел за 11 отсто, а експертите сметаат дека му следи понатамошен пад.

Поврзани новости