Блокирање на Собрание и улици најавува здружената албанска опозиција ако не се избере седмиот член на Државната изборна комисија од опозицијата.
-Се разгледува можноста за блокирање на Собрание, блокирање на улици пред Собрание и Влада. Организирање на секаков вид на искажување на револтот, со цел ДИК да биде комплетирана и сите граѓани во Македонија да имаат можност да гласаат за политичката опција во која веруваат, изјави лидерот на БЕСА, Биљал Касами.
Пратеникот Фадил Зендели денеска побара од новиот претседател на Собранието, Јован Митревски, итно да ѝ наложи на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, да одржи седница и за член на ДИК пред Собраниеto да го предложи кандидатот на албанската опозиција.
-Апелираме што поскоро да закаже седница на соодветната Комисија и пленарната седница за гласање на кандидатот на албанската опозиција. Доколку новиот спикер на Собранието, Јован Митревски продолжи да го блокира овој процес, исто како Талат Џафери, тогаш ќе се докажат две работи. Дека ДУИ и СДСМ заедно се обидуваат да ја осакатуваат ДИК за да ги фалсификуваат изборите. И дека нивната коалиција оди кон воведување на земјата кон комунизам. Исто така го известуваме и првиот човек на Собранието дека доколку во рок од неколку дена ова право не го добива албанската опозиција, тогаш ќе продолжиме со бојкотот на работата на Собранието, изјави пратеникот Фадил Зендели.