Блокиран патот Тетово – Јажинце, отсечени неколку села од Мавровско-реканскиот крај

by Fokus

Голем снежен нанос синоќа по полноќ го затрупа патот Тетово – Јажинце, на само 200 метри од граничниот премин „Јажинце“. Повеќе возила на ова место се заглавени, а патниците се згрижени на граничниот премин и во селото Јажинце, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Од Јавното претпријатите „Македонија пат“ – секција Тетово, велат дека нивни екипи со специјална механизација се тргнати кон граничниот премин, со цел расчистување на патот и слободен проток на возила. Оттаму се надеваат дека во текот на денот, целиот снежен нанос кој се спуштил од Шар Планина на патот, ќе биде остранет.

Поголеми проблеми од големите снежни врнежи во Западна Македонија се јавија во Мавровско-реканскиот крај. Дел од селата од овој регион ноќеска снемаа струја, но сега состојбата со напојување на елетрична енргија е стабилизирана.

Поврзани новости