Блокадата за „ТНТ“ успеа, судењето по Нова година најверојатно ќе почне од почеток

by fokus

Обидите за блокада на судскиот процес ТНТ и “борбата” на обвинетите, судењето да почне од почеток, ја надвладеа “борбата” на судот, пред крај да го забрза процесот којшто се води речиси две години. Обвинетиот Тони Трајковски кој во неделата беше претепан не дојде на денешното рочиште, па иако обвинителот Бурим Рустеми побара раздвојување на постапката за него и за уште тројца обвинети, сепак судечкиот совет не го прифати неговиот предлог.

Судијата Огнен Ставрев го закажа следното рочиште за после Нова година, за на 17 јануари и пропаднаа обидите пресуда да биде донесена пред Нова година.

Дотогаш се очекува и Судскиот совет да донесе одлука и да констатира дека мандатот на една од поротничките од судечкиот совет и е истечен и со тоа судењето да почне од почеток.

За обвинителот, мандатот  на обвинителката ќе биде истечен кога судскиот совет ќе го констатира тоа, а за одбраната на обвинетите нејзиниот мандат е веќе истечен.

Судењето за незаконското рушење на комплексот Космос во сопственост на Фијат Цаноски, се води речиси две години и последните месеци се соочува со постојани блокади. Првообвинетиот Никола Груевски  е во бегство, а освен него обвинети се и поранешниот министер Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник Тони Трајковски и уште четири други лица.

Ф.Ф.С

Поврзани новости