787
Сообраќајот на автопатот од Тетово кон Скопје вечерва беше ненајавено блокиран 30-тина минути од страна на дваесетина автомобили со луѓе од дел од иницијативата „Доста е“, кои веќе осум недели организираат јавни протести во тетовско поради незадоволство и револт од зголемување на цената на електричната енергија.
Околу 19 часот групата со своите автобилите стигнаа до пред Желино каде го блокираа движењето на останатите возила на потегот од Тетово до Желино.
Сообраќајот на тој начин беше блокиран околу 30-тина минути по што групата ги тргна возилата и замина.