Есмеров: Мицкоски ги нарекува мафијаши тие што го избраа за партиски лидер

by Фокус

Каде Христијан Мицкоски ја гледа поддршката од народот кога од 450.000 ВМРО-ДПМНЕ падна на 300.000 гласа на изборите, а членството од 170.000 падна на 47.000 членови, вели поранешниот функционер на ДПМНЕ и амбасадор Игор Есмеров. Тој истакнува дека не е дел од иницијативата за промени на ДПМНЕ, но смета дека станува збор за демократски процес.

-Интересно е што Мицкоски ги нарекува мафијаши оние што беа во први редови кога го избраа за партиски лидер на конгресот во Валандово – рече Есмеров, прашувајќи дали тоа, според логиката на Мицкоски, значи дека е избор на мафијаши?

Поврзани новости