457
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен дојде во ненадејна посета на Киев за да вети нова помош за Украина и другите земји во регионот.
Блинкен е во својата втора посета на Киев откако Русија ја нападна Украина во февруари и се обидува да ја покаже поддршката на Вашингтон.
За време на состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски во зградата на претседателската администрација во Киев, Блинкен рече дека неговата посета доаѓа во „клучен момент“ за Украина, истакнувајќи дека контраофанзивата се покажала ефикасна.
Зеленски рече дека Украина е благодарна за „огромната поддршка“ на САД.
Според него, посетата на Блинкен испратила важен сигнал до Украина, која започнала контраофанзива против Русија на југ и на исток.