Блинкен побарал од Вучиќ и Курти да го спроведат планот на ЕУ

by Fokus

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен во објава на Твитер изјави дека во разговорот со Вучиќ ја поздравил одлуката за ослободување на тројцата косовски полицајци.

„Зборував со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за да ја истакнам важноста од итна деескалација на тензиите. Го поздравувам ослободувањето на косовските полицајци и продолжуваме силно да го поддржуваме планот од три точки на ЕУ како најдобар пат напред “, напиша Блинкен.

Блинкен додава дека побарал и од косовскиот премиер Албин Курти да спроведе три точки од планот на ЕУ за смирување на ситуацијата на северот на Косово.

„ Зборував со премиерот на Косово за да поттикнам деескалација на северот на Косово и итно враќање на дијалогот што го води ЕУ. Планот на ЕУ од три точки е патот напред“, рече Блинкен.

Како што се наведува во соопштението на Стејт департментот, Блинкен во разговорот со Вучиќ повторил дека одговорните за нападите врз Кфор мора да одговараат и ја повикал Србија веднаш да преземе чекори за спроведување на обврските од договорот за нормализација, додека во разговорот со Курти нагласил дека градоначалниците на северните општини да ги извршуваат функциите од други локации.

Поврзани новости