Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја бранеше одлуката на САД да ја прекине испораката на оружје за Израел, наведувајќи дека Израел нема „кредибилен план“ за заштита на 1,4 милиони цивили кои се засолниле таму.
Блинкен во интервју за ABC News рече дека американскиот претседател Џозеф Бајден останува посветен да му помогне на Израел да се одбрани и дека пакетот од 1.800 бомби со тежина од 900 килограми и 1.700 бомби со тежина од 226 килограми е единствената пратка што е суспендирана.
Поддршката на Бајден може да заврши доколку, според Блинкен, Израел започне целосна офанзива на Рафах.
„Израел мора да има јасен, кредибилен план за заштита на цивилите, што не сме го виделе“, рече Блинкен.
Израелскиот воен кабинет одобри „ограничено проширување“ на воената операција во Рафа во четвртокот навечер.
Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за Палестинците во Газа (UNRWA) соопшти дека околу 300.000 луѓе биле погодени од наредбите за евакуација во Рафа и Џабалија, но дека бројките веројатно ќе бидат поголеми бидејќи станува збор за густо населени области.
Околу милион Палестинци, кои избегаа од конфликтот во други делови на Појасот Газа, најдоа засолниште во Рафах.