342
Сеп Блатер – екс претседателот на ФИФА, со критики за идејата Светското првенство во 2030 година да се одржува во шест земји на три континенти.
ФИФА одлучи Светското првенство во 2030 година да се одржи во Шпанија, Мароко и Португалија, а првите натпревари ќе се играат во Уругвај, Парагвај и Аргентина.
„Апсурдно е да се организира Светското првенство на ваков начин. Финалето на Светското првенство мора да биде компактен настан“, изјави Блатер за швајцарски „Блик“.
„Од историски причини Светското првенство во 2030 година мораше да и биде доделено на Јужна Америка“, заклучува Блатер.
Тој беше на чело на ФИФА од 1998 до 2015 година, а потоа беше сменет поради вмешаност во корупција.