482
Жител на Дечлево, вработен како благајник во обложувалница, доби кривична пријава поради тоа што противправно присвоил пари, пренесуваат од МВР.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.Б.(39) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На 07.08.2019 полициски службеници, при попис во спортска обложувалница во Делчево, констатирале дека пријавениот, вработен како благајник, противправно присвоил парични средства во износ од 650.000 денари, со што ја оштетил спортската обложувалница, додаваат од МВР.