Џафери: Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за Протоколот за НАТО треба да се прати до Владата

by fokus 15:20
15:20

Владата, а не Собранието е надлежна за постапување по иницијативата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, за ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО, изјави попладнево претседателот на Парламентот Талат Џафери.

Тој потврди дека денеска група пртеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата до него доставиле барање за иницирање, односно за препраќање до Владата на иницијатива за доставување Предлог-закон за ратификација на договорот за НАТО.

– Од формален аспект еден документ што влегува во Собранието во соодветна процедура моја обврска е да го разгледам актот соодветно и по однос на надлежностите да постапувам. Имајќи предвид дека Собранието врз основа на членовите на Деловникот на кои се повикуваат пратениците ги нема тие надлежности, сметам дека е соодветно истиот акт, како и при сите други случаи за кои Собранието не е надлежно да постапува, да се препрати до надлежниот орган на кој што се однесува проблематиката, во конкретниов случај до Владата на Република Северна Македонија, изјави Џафери.

- Advertising -

Посочи дека поднесеното барање треба да биде препратено до Владата како надлежен орган за таа проблематика.

– Според цитираните членови и од Уставот и од Деловникот, се однесуваат на надлежности на Владата која што и според Уставот е надлежна да иницира и да поднесува Предлог-закон за ратификација на меѓународни договори или кој било закон што се ратификува. И во тој контекст и според Деловникот надлежноста на поднесување предлог-закон за ратификација на меѓународен акт е во надлежност на Владата и никој друг не може тоа да го покрене. Барањето на пратениците како такво ќе биде препратено до Владата и тие ќе решаваат по кој пат и каков начин ќе постапуваат по однос на тоа барање, рече претседателот на законодавниот дом Талат Џафери.

Поврзани новости