„Ние иако ги казнуваме граѓаните, сепак се обидуваме и да им излеземе во пресрет при вакви светски настани што иницираат големи попусти. Преку оваа наша акција, секој оној што добил парична казна ќе може да ја плати по пола цена во рок од 15 дена. А и покрај попустот за казните, нудиме и специјална промоција на цената за вадење на нови пасоши. Оваа недела е во духот на граѓаните и ние како институција која секогаш гледа да ги казнува, решивме при вакви денови да се обидеме и да им послужиме на граѓаните.“ – се вели во соопштението на МВР.
Граѓаните оваа акција ја оценија како успешна и ги поздравија овие промотивни мерки од страна на МВР. Освен на касите од продавниците кои нудат попуст за „Black Friday“, редици луѓе имаше и по банките каде граѓаните ги плаќаа своите казни по намалени цени.
Напомена: Веста е измислена и сатирична, сѐ додека не стане реална.