Ни трага ни глас од бизнисменот Сеад Кочан, осомничен во предметот „Труст” на Специјалното јавно обвинителство. Органите на прогонот веќе трета недела не можат да му најдат трага на сопственикот на „Трансмет”, кој по решението за притвор ја напушти Македонија.
Во меѓувреме, додека по Кочан се трага со меѓународна потерница, неговите вработени протестираат. Тие денеска на улица излегоа со багери и го блокираа влезот на Владата. Освен вработените во „Трансмет”, на протестот беа и вработените од телевизијата ТВ Нова која е во сопственост на Кочан. Велат дека случајот на СЈО било политичка хајка против медиумот, зашто критички известувал.
Според обвиниението на СЈО пак, Кочан се гони за тендер од 17 милиони евра, кој со фалсификувани документи го добил од ЕЛЕМ.
Фото: Радио Слободна Европа