Бизнисменот Ардијан Амзоски, сопственик на фирмата „Дрим Билдинг“, утринава пристигна во Обвинителството за организиран криминал и корупција, за да даде исказ за случајот „Рекет“.
Како што е познато, Амзоски на Меѓународниот сојуз на Боки 13 му исплатил 261.853 евра. Од компанијата неодамна преку соопштение појаснија дека склучиле договор за стратешко партнерство и деловна соработка со Меѓународниот сојуз на 28.12.2017 година.
– „Дрим билдинг“ ги исполни во целост своите обврски од договорот, а за жал Меѓународниот сојуз и Јасна Мандиќ не го испочитувале договорот. Бидејќи Меѓународен сојуз и Јасна Мандиќ одбија да ги вратат парите кои им беа платени, Дрим Билдинг поднесе тужба пред Основниот суд Скопје, стои во соопштението.
Вчера пред обвинителката Вилма Русковска исказ даваа и бизнисменот Силјан Мицевски и водителката Лила Филиповска.
Во истрагата за „Рекет“ засега осомничени се Бојан Јовановски, Зоран Милевски Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
В.В.