Тешко повреден велосипедист откако бил удрен од „ауди“

by fokus

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случила сообраќајна незгода, откако велосипедист бил удрен од „ауди“, управувано од скопјанец. Со тешки телесни повреди, велосипедистот бил пренесен во Градска болница.

„На 02.09.2019 во 16.15 часот на крстосница од бул. „Крсте Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, патничко моторно возило „ауди А2“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ш.(44) од Скопје, удрило во велосипед управуван од Т.К. од Гостивар. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот кој бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му билаукажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.

Поврзани новости