Комората на Северозападна Македонија го известиле министерот Миноски дека е непродуктивно задожување од 650 милиони евра за еврообврзница.
„Ние како комора не можеме да дадаеме поддршка на задолжувањата и на трендот на непродуктивни трошења, и тоа му беше најавено на министерот за финансии. Стопанската комора на северозападна Македонија поддржува и стимулира рамномерен регионален економски развој ама не стимулира и не поддржува селективен пристап на оваа Влада која директно влијае на економскиот диспаритет во земјата.
Нашата комора поддржува претприемништво како катализиатор за економски развој, барајќи еднаков третман на домашните и на странските инвеститори, што не е случај на оваа актуелна Влада. Нашата комора бара униформирана примена на нашето законодавство, како предуслов за правната држава и неселективен пристап на Владата за уплата на долговите кон компаниите. За развојни политики, не само министерот за финансии туку секој свесен политички актер ќе добие безрезервна поддршка од нашата комора“ вели Фатмир Бутиќи, стопанственик и член на Стопанската комора на северозападна Македонија за Фактор.
Инаку, преговорите за еврообврзницата се веќе почнати. Владата бара 650 милиони евра на странските пазари. Еврообврзницата ќе се отплати по истекот на 10 година.
Македонија досега има издадено 4 еврообврзници, ова ќе биде 5та. Ако се реализира, вкупниот износ ќе биде над 1,5 милијарди евра земени на ваков начин на задолжување.