607
Фудбалерот на Лион, Лукас Пакета, летајќи хартиен змеј, ја пресекол раката, поради што заврши на операција.
„Потсетување дека и детските игри можат да имаат последици. Си играв со змејот и си ја исеков раката. Сè е во ред, но за да немам компликации во иднина ќе морам да одам на мала операција“, напиша Пакета на Твитер.
Репрезентативецот на Бразил во овој летен преоден рок се споменува како голема желба на Њукасл, кој наводно е подготвен да плати 60 милиони евра за неговиот ангажман.