„Битолско движење“ најави блокада на влезот кон Битола, од страната на Охрид. Блокадата ќе се случи денеска напладне.
„Обичните протести, се исцрпија како метод, затоа што станаа обични и анемични прошетки. Континуитет заради континуитет, симболика заради симболика. За еден метод да биде ефективен, треба да се процени неговото политичко, социјално и економско влијание врз тие што ги носат одлуките. Врз локалната и централната власт. Односно, дали задаваме удари со нашите дејства или ги амортизираат и ги игнорира“, се вели во најавата.
Тие бараат целосно повлекување на аболицијата и ослободување на сите демонстранти, како и отфрлање на обвинувањата против нив.
„Нема да дозволиме тивко и перверзно да ја цицаат нашата енергија и да го убиваат животот во нас! Ниту пак ќе дозволиме да нè заплашат со нивните информативни разговори. Стравот е за нив! Ние, сакаме да живееме. Овде. Достоинствено! И ќе се бориме за нашите животи!“, додаваат од „Битолско движење“.