Хилари Клинтон го води Доналд Трамп со 11 проценти разлика

by fokus 11:55
11:55

Доколку сега се одржат претседателски избори во САД, најверојатниот демократски кандидат Хилари Клинтон би го победила републиканецот Доналд Трамп со 11 проценти разлика, покажуваат резултатите од анкетата на агенцијата Ипсос објавени денеска.

Во анкетата, спроведена меѓу 30 мај и 3 јуни, 46 проценти од испитаниците рекле дека ќе гласаат за Клинтон, а 35 отсто за Трамп. Дури 19 проценти од анкетираните изјавиле дека не поддржуваат ниту еден од овие двајца кандидати.
Анкетата на Ипсос спроведена пред еден месец и даваше предност на Клинтон пред Трамп од околу еден процент.

- Advertising -

Аналитичарите проценуваат дека ваквата промена во расположението на гласачите се должи на неколкуте навредливи изјави на Трамп кон муслиманите и Мексиканците и на коментарите поврзани со надворешната политика на САД.
Трамп веќе обезбеди доволен број делегати на Републиканската национална конвенција за да биде избран на претседателски кандидат на републиканците за изборите во ноември.

Од друга страна, Клинтон се уште е во трка за демократската номинација со сенаторот Берни Сандерс, но се очекува на прелиминарните избори што ќе се одржат во вторник во шест сојузни држави, таа да ги освои неопходниот број делегати на Демократската национална конвеција за да биде избрана за претседателски кандудат на демкоратите.

Поврзани новости