Битолска советничка побара оставка од Мицкоски, па беше разрешена

by Фокус

Актуелната советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Битола, Анита Ангелевска, побара вонреден партиски конгрес, бидејќи, според неа,  партијата на чело со Христијан Мицкоски нема капацитет.

-Вонреден конгрес, мобилизирање на партиската структура, сојузништво со граѓаните, застапување и искрена борба за нивните интереси. Единствено тоа ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати на победничката патека. Најмногу загрижува фактот што ВМРО-ДПМНЕ со сегашниот претседател Мицкоски не може и нема капацитет да биде алтернатива за надминување на очајната и безизлезна состојба во државата. Секој одминат ден без вонреден конгрес ја ослабува партијата, а слабо и дефокусирано ВМРО-ДПМНЕ е само на штета на Македонија и на нејзините граѓани – рече Ангелевска.

После тоа, од битолскиот Општински комитет ја разрешија од сите партиски функции.

Поврзани новости