Нефи Усеини, советникот во охридскиот Градски совет и неговиот брат остануваат во притвор, откако Апелацискиот суд во Битола ја прифати жалбата на Обвинителство на одлуката на охридскиот суд да ја прифати гаранцијата од 30 илјади евра на осомничените за да излезат од притвор.
Од битолска Апелација соопштија дека е укинато првостепеното решение и е вратено на повторно одлучување во основниот суд, бидејќи сметаат дека Охридскиот суд не дал јасни причини да ја оправда одлуката со која е прифатена гаранцијата за нивно ослободување од притвор.
Осумдневниот притвор на браќата Усеини им истекува утре и обвинителството може да побара негово продолжување, но само ако до тогаш поднесе обвинение. Во спротивно, тие ќе излезат од притвор.
Охрискиот советник од ДУИ и неговиот брат се осомничени за напад врз нивниот сограѓанин Спирко Топалоски по две кривични дела „насилство“ и „недозволено држење на оружје“.
По пријавата, Усеини една недела не беа недостапни за полицијата, по што на 26 август сами се пријавија во охридскиот заатвор.
Случајот во меѓувреме доби и друг тек, откако Топалоски го смени исказот и сега тврди дека написите во јавноста се извадени од контекст. Топалоски во новата изјава дека во расправијата не видел оружје, дека се работи за недоразбирање кое е надминато и дека Усеини бил и ќе биде негов пријател.