409
Битолчани денеска ќе излезат на протести, за да му кажат стоп на загадувањето, кое години наназад е опасно за нивното здравје и живот. Тие се организираат преку социјалната мрежа Фејсбук, односно преку страната „Битола сака чист воздух“. Тие се незадоволни од алармантните податоци за загадувањето во нивниот град.
Протестниот марш е најавен да започне вечерва, во периодот кога градските власти организираат прослава во чест на 4-ти Ноември – Денот на ослободување на Битола.
– Целта е на овој начин да се испрати порака дека Битола нема причина за прослава, а од властите да се побара итно да постават мерни станици за мерење на квалитетот на воздухот во градот – велат организаторите.