Граѓаните на Битола утре ќе одржат протест пред општинската зграда за оставка на градоначалникот Владимир Талески. Организатор на протестот е граѓанското здружение „За нас се работи“ и тие велат дека ќе останат пред општината се додека Талески не си поднесе оставка.
Како причини за незадоволството од работата на градоначалникот ги наведуваат: негрижата за здравјето на битолчани, непочитување на меморандумот за соработка со здружението за следење на загаденоста на воздухот, коруптивниот договор со „Транскоп“, дупките по улиците, стадионот, исечените дрва…
„Битолчани и битолчанки, ве повикуваме сите без разлика на вашата партиска, верска или етничка припадност… без разлика на идеологијата што секој од вас ја следи, на ден 27 Мај 2015 во 18:30 часот на плоштадот “Будење” (споменик на Стив Наумов) заедно да се упатиме кон општинската зграда каде ќе побараме доброволна оставка од градоначалникот Владимир Талески.“, стои во повикот на здружението.