Двајца загинати во сообраќајна несреќа кај Градско

by Фокус 20:39
20:39

Две лица загинаа вечерва во сообраќајна несреќа која се случила на автопатот Неготино – Велес во близина на наплатната рампа кај Градско. Како што соопштија од СВР Велес, во несреќата учествувале две товарни и едно патничко возило, а увидот се уште трае.

Сообраќајот на тој дел од патот е запрен и возилата се пренасочуваат по стариот пат од Неготино кон Велес.

- Advertisements -

 

Поврзани новости