Жестоки кавги меѓу опозицијата и власта за основањето на универзитетот „Дамјан Груев“

by Фокус 11:00
11:00

Откако премиерот Никола Груевски пред неколку недели најави изградба на нов универзитет за безбедност „Дамјан Груев“ не стивнуваат кавгите меѓу пратениците од опозицијата и владејачката партија. Ваквата жестока дебата продолжила и синоќа до два изутрина во Комисијата за образование и наука околу овој владин проект.

Пратениците од опозицијата со процедурални обраќања не дозволуваа да се стави на гласање предлогот на мнозинството да се ограничи дискусијата на пратениците. Во два изутрина претседателката на комисијата Олга Најденовска од ВМРО-ДПМНЕ ја прекинала седницата.

- Advertisements -

Предлог-закон за основање на универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев” денеска ќе се дикутира на Законодавно-правна комисија, каде се очекува исто како и вчера да има жестока расправа. Оваа комисијата ја води Светлана Јакимовска исто така од ВМРО-ДПМНЕ, а засега е неизвесно дали и таа ќе предложи ограничување на дискусиите, како нејзината колешка Најденовска.

Од опозијата велат дека до распуштање на парламентот нема да дозволат овој предлог-закон да помине.

 

Поврзани новости