370
Со транспарент „Честито аболиција“, двајца млади луѓе влегоа на свечената промоција на доктори на науки, во ректоратот на битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“, каде довчерашната министерка за внатрешни работи Горадна Јанкулоска свечено беше промовирана за доктор на науки на Факултетот за безбедност, објави „Мета“.
Упадот ги остави без збор присутните во салата, па дури пет минути по настанот ректорот на Универзитетот Сашо Коруновски им се извини на присутните.
Кратко по настанот, промоторот на Јанкулоска зборуваше за нејзините дострели во кариерата, особено напоменувајќи го нејзиниот министерски мандат од 2006 до 2015 година.