Битолчанец загина во тешка сообраќајка, четири лица се повредени

by fokus

46-годишен битолчанец го изгуби својот живот во сообраќајна несреќа која се случила денеска на пладне на магистралниот пат Прилеп – Битола кај селото Тополчани. Како што информираат од полицијата четири лица се здобиле со повреди, но се надвор од животна опасност.

Сообраќајката се случила откако се судриле автомобил „Опел астра“ и автомобил „Цитроен Берлинго“, управуван од битолчанецот.

Повредените се пренесени во болницата во Битола и според првичните информации на полицијата тие не се во животна опасност.

Поради сообраќајката неколку часа попладнево патот Прилеп-Битола беше во прекин во двата правци.

Поврзани новости