ГДУ: Во Охрид се наплаќаат лежалки поставени без никакво одобрени

by fokus

Граѓанско Демократската Унија преку соопштение упати низа критики до охридскиот градоначалник кој велат дека одработува само за партијата и партиските интереси.

ГДУ нагласува дека концесиите со плажите сѐ уште висат во воздух, а пак моќниците и приврзаниците на градоначалникот го злоупотребуваат тоа и ги користат плажите како да се нивна сопственост.

„Деновиве пристигна и новата цена за паркинг околу Градиште и пристапот до плажите. Пристапот до плажите е се потежок и потежок, а цената за тоа ја плаќаат само охриѓани. Излегува дека најголемите туристи во градот се токму охриѓаните кои се приморани да ги плаќаат тие високи цени, секако ако сакаат да имаат пристап до истите. Но тоа не е се. На многу други плажи е скоро невозможно да пристапиш, бидејќи таканаречената урбана опрема (лежалки, маси, столови, импровозирани шанкови) ја има окупирано речиси секоја плажа во Охрид, а освен тоа се наплаќаат и лежалки кои се поставени без никакво одобрение, а сето тоа му е добро познато на градоначалникот“, велат од ГДУ.

Од партијата додаваат дека во Охрид владее тотално безредие и беззаконие, а за сето тоа дозвола дава градоначалникот.

Околу дивоградбите, како што тврди ГДУ, се спрема предавање на ингеренциите. Партијата апелира веднаш да се преземат итни мерки и да се отстрани целата урбана опрема каде што е поставена нелегално и без никаква документација. Да се запре со секаква наплата на црно и да си одговара секој според законот.

Поврзани новости