Битолчанец загина во сообраќајка, со автомобилот излетал од патот

by fokus

Битолчанец загина утрово околу 05:25 часот во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Битола – Прилеп кога возилото кое го управувал излетало од патот.

Во несреќата загинал 36-годишниот Г.Ј. кој се превезувал со патничко возило „комбе“. Од СВР-Битола информираа дека возачот од здобиените повреди починал на самото место.

-Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а во координација со Јавен обвинител телото е предадено на обдукција, информира Секторот за односи со јавност на битолската полиција.

Извршен е увид на местото на незгодата од увидна екипа на СВР Битола.

Поврзани новости