858
Битолчанец на возраст од 22 години, во стан во скопската наслелба Аеродром, издавал лажни дозволи за движење за време на полициски час.
Полицајци од СВР Скопје, по наредба од судија на претходна постапка, извршиле претрес во станот и нашле предмети за изработување дозволи за движење при забрана за движење, фалсификувани документи за кредити и други предмети.
-З.Т. признал дека изработил пет лажни дозволи за движење во полициски час, со печат на два правни субјекта кои биле дадени за лицата: З.Т., М.Н., С.Л., С.Д. и М.М. По документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР.