Стоилковски: Вонредната состојба се злоупотребува за да поминат буџетските пакети за поткуп

by Frosina Fakova

Вонредната состојба се злоупотребува, не за заштита на здравјето на граѓаните, туку за носење на уредби со законска сила, со цел да поминат буџетските пакети за поткуп, кои што Заев ги нарекува помош, во пресрет на можните избори, вели портпаролот на СДСМ, Наум Стоилковски.

-Продолжувањето на вонредната состојба беше барање на Комисијата за заразни болести поради како што наведоа, заштита на здравјето на граѓаните, а вчера гледаме дека вистинската причина била токму носењето на уредби, како и што призна самиот Стево Пендаровски, со што се злоупотребува и комисијата и нејзиното мислење. Организирано делење на пари во пресрет на можни избори не е ништо друго туку покривање на неуспесите во економијата со груб еднократен поткуп казнив со закон, изјави Стоилковски.

Поврзани новости