Битолчанец осуден на година затвор за три семки марихуана

by fokus

Битолчанец е осуден на една година затвор, бидејќи кај него полицијата пронашла и запленила три семки од растението канабис сатива и два џоинта со вкупна тежина од 0,27 грама марихуана.

Покрај затворската казна, Судот одлучил трите запленети семки и двата џоинта кои биле пронајдени кај него се одземат и да се предадат на Агенцијата за управување со одземен имот,а потоа да се уништат. Судот го задолжил обвинетиот да ги плати и трошоците на кривичната постапка во износот од 2 500 денари.

Тој пред судиите тврдел дека кога го правел џоинтот, нашол три семки од марихуана и оти тие три семки ги ставил до шпоретот, ги фрлил, и полицијата ги пронашла. Но Судот не ја прифатил неговата одбрана бидејќи трите спорни семки не биле пронајдени така фрлени, ами „напротив, пронајдени се во најлонска кеса”, стои во пресудата.

Поврзани новости