Домашните фирми загрозени од привилегиите на странските инвеститори

by fokus 21:44
21:44

Ослободувањето од плаќање давачки кон фржавата, странските инвеститори ги прават нелојална конкуренција на домашните компании.

Од Здружението за текстилна индустрија и конфекција велат дека 50 проценти од нето платата која ја исплаќаат домашните текстилни фабрики оди за придонеси и давачи кон државата, додека странските компании се ослободени од тоа. Ваквите поволности, посочуваат од таму, ја продлабочуваат дупката во Фондот за пензиско осигурување.

- Advertisements -

Текстилците се жалат дека ги губат обучените работници и за 1000 до 2000 денари повисока плата во странските компании.

Од Здружението бараат изедначување во условите за вработување. Предлагаат ослободувањата од давачките за странските компании да важат за вработувања на лица од Агенцијата за вработување, а не за веќе обучени кадрар.

Освен тоа, текстилците бараат од државата субвенционирање за да можат да набават современи машини со помош на кои ќе ја зголемат продуктивноста и лон производството ќе го преобразат во класично, така што би извезувале готови производи под сопствен бренд.

Поврзани новости