Битола ги враќа автобусите на Скопје

by fokus

Битола реши да ги врати старите автобуси кои Град Скопје им ги позајми на почетокот на октомври, пренесува СДК.

Тие беа позајмени пред повеќе од еден месец, со цел да помогнат во линискиот и школскиот превоз. Иако имаше бројни критики во јавноста за нивната дотраеност, превозниците уште следниот ден продолжија со превозот.

„Автобусите беа позајмени за да одговориме на ситуацијата во која се најдовме во тој критичен период. Откако ја наминавме таа ситуација, заклучивме дека истите нема потреба да престојуваат во нашата општина и да носиме одговорност за нив, па ги вративме“, рече Петровска за СДК.

ФОТО – СДК

Поврзани новости